19 Април, 2024
0.1201

СЕФФ: Вложување во човечки капитал и дигитализација за поголем економски потенцијал

Објавено во: Економија 27 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Преку подобрувањето на структурата на економијата, односно зголемената конкурентност, иновативноста, адекватноста на пазарот на труд, ќе се придонесе кон подобрувањето на економскиот потенцијал и отпорноста на економијата. Оттаму спроведувањето на структурните реформи, не треба да запре за сметка на справувањето со кризата, туку да се одвива напоредно, со цел на среден рок да се креира економија која ќе даде подобри перформанси.

„Спроведувањето на структурните реформи, вложувањето во човечкиот капитал, финансиските иновации и инвестиции“, е четвртиот столб за дискусија на Скопскиот економски и финансиски форум - СЕФФ, кој се одржува на 30 и 31 мај во организација на Министерството за финансии. На форумот признати експерти и функционери од земјава и регионот ќе дебатираат за предизвиците во постпандемискиот период и градењето на поотпорна економија.

- Способноста на една земја со тек на време да го подобри животниот стандард, скоро целосно зависи од нејзината способност да ја зголеми продуктивноста по вработен - рекол добитникот на Нобелова награда за економија, американскиот професор Пол Кругман, кој ќе биде главен говорник на СЕФФ 2022. Учеството на овој исклучително важен гостин е обезбедено во соработка со Американската стопанска комора во Северна Македонија - АмЧам. 

Според вкупниот фактор на продуктивноста, кој го мери економскиот резултат според сите инпути коишто се користат за да се продуцираат стоките и услуги, како труд, капитал, енергија и материјали, за време на пандемијата продуктивноста во Република Северна Македонија опаднала за -4,5 во однос на последните десет години пред кризата, што се должи на падот на продуктивноста на трудот. За споредба, кај другите земји од Југоисточна Европа, намалувањето во однос на преткризниот период е  -2,6. Исто така, додека во регионот во постпандемискиот период овој индикатор станува позитивен , што покажува дека продуктивноста го достигнала и надминала предпандемиското ниво, кај нас е се уште негативен, пред се поради поспорото опоравување на квантитетот и квалитетот на продуктивноста на трудот.

Ова укажува на тоа дека треба да се делува кон структурните фактори, кои ќе придонесат за зголемување на квалитетот и квантитетот на продуктивноста на трудот и подобро користење на капиталот и ресурсите. Тука е капиталот - вложувањето во инфраструктурата, дигитализацијата на процесите, иновативноста, но пред се вложувањето во човечки капитал, кој е двигател на сите останати фактори.

Податоците на Светска банка покажуваат дека иако има благо подобрување низ годините, индексот на човечки капитал кај нас се уште е доста понизок од европскиот просек. Кај нас тој изнесува 0,56, што би значело дека дете родено денес, согласно вложувањата во образование, здравство и социјала ќе искористи само 56% од својот потенцијал. За споредба просекот во ЕУ се движи околу 75%.

Потребен е стратешки пристап за решавање на ова прашање, кое Владата го адресира преку Стратегијата за човечки капитал. Таа предвидува повеќе механизми за унапредување на здравството, социјалата, но пред се образовниот процес.

Преку поддршката на дигитализацијата, може да се креира синергија во зголемувањето на економскиот потенцијал, преку раст додадената вредност. Оттаму таа е приоритет за Владата, како од аспект на јавната адинистрација, така и од аспект на поддршка на иновативноста на компаниите.

Поддршката на развојот на финтек, исто така е во оваа насока, односно обезбедување на нови поевтини финансиски услуги. Годинава беше донесен Законот за платни системи и платни услуги - стратешки закон кој ќе ја дозволи финтек револуцијата и следењето на светските трендови во финансиските услуги и кај нас. 


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите