19 Април, 2024
0.0347

Сега се 5 отсто за кредити и 1,28 отсто за заштеди - каматите ќе паѓаат и натаму

Објавено во: Финансии 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Трендот на намалување на каматните стапки трае веќе две години наназад, и ќе продолжи и натаму, вели за Фактор првиот човек на НЛБ банка, Антонио Аргир. Ова следува откако Народна банка одлучи да ја намали основната камата од 2,25 отсто на два проценти, со што таа е на историски најниско ниво досега.

Основната камата не репер според кој деловните банки ја формираат нивната каматна стапка.

Колкави се во моментов каматите, и оние на кредитите, но и оние на депозитите?

Инаку, според последните податоци од НБМ, во ноември минатата година просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесувала пет проценти. 

„Со тоа продолжи нејзиниот тренд на месечно и годишно намалување, од 0,05 процентни поени и 0,40 процентни поени соодветно“, соопштија од централната банка. 

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, пак, изнесува 4,28 отсто, и во ноември забележала месечен раст од 0,02 п.п. Споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е забележан пад од 0,47 процентни поени.

Но, многу пониски се каматите на штедните влогови кои граѓаните ги чуваат во банките. 

Просечната каматна стапка на вкупните депозити во ноември била на ниво од 1,28 отсто, и била непроменета во споредба со претходниот месец. На годишна основа, кај оваа каматна стапка е забележан пад од 0,14 п.п. 

Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, сега е 1,26 отсто, и кај неа бил остварен месечен раст од 0,07 п.п., додека на годишна основа оваа каматна стапка е намалена за 0,33 процентни поени.

Според банкарите, трендот на пад на каматите е одамна почнат и ќе продолжи и натаму.

„Трендот на паѓање на каматните стапки е почнат веќе две години наназад и тој ќе продолжи и натаму“, вели за Фактор претседателот на Управен одбор на НЛБ банка, Антонио Аргир. 

Една од причините за падот на каматите е и големата конкуренција што постои во банкарскиот сектор во земјава.

Според него, одлуката на НБМ за симнување на сосновната камата на два отсто е сосема логична и очекувана. 

„Има висока стабилност и ликвидност на банкарскиот систем, а девизните резерви се на високо ниво. Ликвидноста е многу висока и во земјава, и во регионот, и во светски рамки“, вели Аргир.

Вчера, пак, пред да биде донесена одлуката на НБМ, во интервју за Фактор, Милка Тодорова, претседател на Управен одбор на УНИБанка, рече дека се мали шансите за натамошно намалување на каматните стапки.

Што се однесува до каматите на кредитите, има уште многу малку реални можности за намалување. Важно за нас банкарите, е да се чуваме од понудата на кредити според цени коишто не го покриваат ризикот за целиот рок на кредитот, зашто не треба да имаме илузии дека растот ќе трае бескрајно долго. Наоѓајќи се под влијание од сегашниот момент и пазарниот натпревар помеѓу одделните банки, не треба да го испуштаме долгорочниот разум во себе, за тоа да не ни се одрази негативно во иднина“, вели Тодорова. 

Инаку, Народна банка денеска соопшти дека ја намалила основната камата на 2 отсто. Оваа одлука ја донел Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, откако ги разгледал клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Причина се поволните движења на девизниот пазар, што ги зголеми девизните резерви. 

„Врз основа на оцената на постојните економски и финансиски услови, како и на присутните ризици, Комитетот оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика, при што беше одлучено основната каматна стапка да се намали за 0,25 процентни поени, односно од 2,25 отсто, на 2,00 проценти. Понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 15 јануари 2020 година e задржана на нивото од 25.000 милиони денари. Одлуката за намалување на каматната стапка се темели на постојаните поволни движења на девизниот пазар, што доведе до поголем раст на девизните резерви од очекуваниот, што, пак, упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. Истовремено, тековните движења укажуваат на умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци“, соопштија од централната банка. 

Дел од информациите говорат дека и во иднина ќе продолжи трендот на пад на каматите пред се за заштедите во банка, па предизвик за банкарите ќе биде како граѓаните и натаму да се мотивираат да ги чуваат во банките своите средства.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете