25 Април, 2024
0.0281

Секој 15-ти Македонец има блокирана сметка за неплатен долг

Објавено во: Економија 02 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Вкупниот број на блокирани жиро сметки на фирми и граѓани во мај годинава бележи пораст. Според податоците од Народната банка на Македонија, во мај година биле блокирани вкупно 182.879 жиро сметки на граѓани и фирми. Од нив 62.548 се сметки на фирми, а останатите 120.331 се блокирани сметки на граѓани. Споредено со претходниот месец април, бројката бележи пораст - тогаш биле блокирани вкупно 182.055 жиро сметки, од кои 119.033 биле блокирани сметки на граѓани, а останатите на фирми.

На годишно ниво разликата е уште поголема. Во мај 2013 година биле блокирани вкупно 156.422 жиро сметки, или 26.457 сметки помалку од истиот месец годинава. Од нив, 95.847 биле блокирани сметки на граѓани, а 60.575 на фирми.

Мерењата на централната банка покажуваа и благ пораст на блокираните депоненти чија вкупна бројка изнесува 84.737 или 63 блокирани сметки повеќе од претходниот месец април.

Блокираните жиро сметки се по основ на извршни решенија за неплатени обврски кон банки или пак долгови меѓу самите фирми, но и долгови кон државата. Сепак најголем дел од блокираните сметки на граѓаните се по основ на неплатени сметки за струја, парно, вода, радиодифузна такса, рати за кредити.

Владата ја усвои новата мерка за отпис на долгови на социјално ранливите групи граѓани. Законот прво треба да помине во Собранието, а целата постапка се очекува да заврши во октомври. Со мерката е предвидено отпис на  долговите на најранливата категорија граѓани – корисници на социјална помош, корисници на постојана парична помош, невработени лица кои бараат работа подолго од 12 месеци, лица изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или поради инвалидитет. Со отписот на долговите се очекува да бидат опфатени 50-100.000 грагани. Отписот ќе важи за долгови по основ на неплатени сметки за струја, долгови кон банките по основ негативни салда по тековни сметки, долгови за парно греење и радиодифузна такса. На претпријатијата кои се јавуваат како доверители Владата најави дека ќе им отпише дел од даноците што треба да ги платат.

Премиерот Никола Груевски не прецизираше колку точно ќе го чини буџетот оваа мерка, но изјави дека се работи за неколку милиони евра кои ќе се обезбедат од буџетот за следната година.

Ј.С.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди