25 Август, 2019
0.0159

Секој ден оди на работа иако има 100 години

Објавено во: Финансии 03 Јуни, 2019

Најстариот милијардер во светот има 100 години и секој ден оди на работа.

Ниту по кариера од 8 децении, Чанг Јун Чунг не се пензионира. Тој и понатаму инсистира секој ден да оди на работа во семејната компанија.

Стогодишниот Чунг од друга страна, открива дека доброто ментално здравје го одржувало сите овие години. Овој човек вели дека никогаш не ги губи нервите. Раскажува дека ако тоа се случи, тогаш нема да можете да се контролирате. 

Иако позицијата на директор годинава ја препушти на синот, стогодишниот жител на Сингапур изјави дека останата му е навиката да оди на работа. Секој ден ја посетува фирмата, едноставно вели дека не може да остане дома.

„Во секоја работа, особено околу водењето на бродарска компанија, наидувате на различни проблеми, од политички до технички, па и несреќни случаи. Да се остане смирен и да се заборави на темпераментот во оваа работа е најважно, а тоа е нешто што го научив од татко ми. И уште учам од него“, вели Тео.

Син му Тео вели дека барем двапати дневно се консултира со татко му околу одредени одлуки и водење на компанијата, во која се ангажирани 18.000 луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Најевтините хотели со 5 ѕвезди низ целиот свет

Најевтините хотели со 5 ѕвезди низ целиот свет

Колку изнесува просечната плата во Хрватска?

Колку изнесува просечната плата во Хрватска?

Германија бара работници: Се вработува квалификувана работна сила

Германија бара работници: Се вработува квалификувана работна сила

На што да внимавате кога барате работа во странство?

На што да внимавате кога барате работа во странство?

Каква „магија“ направи Андреја?

Каква „магија“ направи Андреја?

НЕ СЕ САМО МАКЕДОНЦИТЕ: Кои други народи немаат пари за летување?

НЕ СЕ САМО МАКЕДОНЦИТЕ: Кои други народи немаат пари за летување?