25 Април, 2024
0.0307

СЕКОЈ ЌЕ МОЖЕ ДА ВИДИ - нова алатка за следење на капиталните инвестиции

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Од денеска целата јавност ќе може да ја следи реализацијата на капиталните инвестиции за секое министерство, дирекција, агенција, односно секој буџетски корисник одделно, и преку тоа да влијае на институциите да го подобрат извршувањето. На веб-страната на Министерството за финансии е објавена нова алатка за транспарентност, која покажува колку од капиталните расходи предвидени со Буџетот секоја институција има реализирано досега - како процент од планираното и апсолутен износ, како и колку до крајот на годината треба да реализира, соопштија од Министерството за финансии.

Капиталните инвестиции се голем проблем, бидејќи е слаба нивната реализација. За осум месеци од годинава се реализирани само 28,16 отсто.

Министерката за финансии Нина Ангеловска неодамна ја најави оваа алатка, во насока на зајакнување на транспарентноста и на дисциплината на институциите да ги реализираат проектите кои ги најавиле при кроење на буџетот.

„Во дигиталната ера имаме широк простор за подобрување на фискалната транспарентност. Освен отченоста кон јавноста за трошењето на државните пари, фискалната транспарентност има улога и на коректор. Имено, ако јавноста лоцира дека одредена институција има помала реализација на капиталните инвестиции од очекуваното, преку јавното мислење ќе може да влијае на таа институција да го подобри перформансот. Се разбира, дека оваа алатка е само една од повеќето мерки за унапредување на процесите на буџетирање и извршување на буџетот. Програмата за управување со јавни финансии вклучува бројни реформи меѓу кои и интегриран информациски систем за управување со јавни финансии, со кој ќе се подобри целокупниот процес од планирање до реализација на расходите“, вели Ангеловска.

Алатката која ја покажува реализацијата на капитални инвестиции по институција на веб-страната на Министерството за финансии ќе објавува нови податоци на месечно ниво. Истата може да се најде на   http://kapitalni-rashodi.finance.gov.mk/

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди