25 Април, 2024
0.1263

СЕКОЈ МЕСЕЦ ИСТА МАКА: Граѓанин не може да најде дефицитарен лек за епилепсија

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Граѓанин не можел да најде дефицитарен лек за за третирање на епилепсија, по поминати бројни аптеки. 

Тој на социјалните мрежи пишува дека во рок од три дена има поминато 24 аптеки, 1 лекар специјалист невролог и 1 матичен лекар. Додава дека станува збор за процедура што ја поминува скоро секој месец во потрага по дефицитарниот лек оксалепт за третирање на епилепсија.

„Лековите од типот на тегретол, окскарбамазепин и трилептал се дефицитарни со месеци. Што тоа значи? Значи дека треба да се претргнеме од барање за да добиеме лек без којшто ние како лица со епилепсија не можеме да живееме. Тукушто се враќам од кај лекарка којашто ми кажа дека има луѓе што воопшто не можат да ги најдат лековите и веќе имаат дневно епилептични напади поради тоа. Па јас сега се обвинувам како може да јас немам време да се заангажирам со медиумите за ова, да напишам нешто, да помогнам да се слушне за сето ова. Во суштина навистина немам време. Значи, јас кога секое пакетче на лекови ќе ми дојде при крај, цел град го поминувам секој ден по аптеки барам лекови, се јавувам по други градови каде што би можеле да имаат лекови, па спремен сум да тргнам уште истиот ден во друг град, се јавувам по веледрогерии, по невролози и што ли уште не. Ова е дневна борба на лицата со епилепсија. Во основата на појава на епилептичните напади е стресот, барем од моето искуство. Ова е една толку стресна и грчевита состојба, состојба на непредвливост во којашто не знаете како ќе завршите со потрага по нешто без коешто не можете да живеете. Живеењето во помисла дека имате само 2 или 3 таблети во вашиот дом е една толку стресна состојба што дополнително ги влошува нашите состојби“, пишува Ангел Димитриевски. 


На крајот додава дека заклучокот е дека Македонија не е држава што треба да биде примена како членка во некои повисоки инстанци како Европската унија каде што основните цивилизациски потреби за преживување се задоволени, а веќе се зборува за понапредни концепти. Ова е држава во којашто државата го загрозува здравјето на своите граѓани и смета дека оваа држава треба да биде казнета за тоа и сериозно треба да се преиспитаат сите начини на коишто се оштетуваат граѓаните. Ова го  наведува Димитриевски во својот пост. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот