19 Април, 2024
0.0261

Секој може да си купи државјанство на ЕУ: Во некои земји легално тргуваат со пасоши и визи за престој

Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Во Бугарија неодамна е откриена измамничка мрежа која за пари фалсификувала сертификати за бугарско потекло и така преку Бугарија се стекнувало државјанство на ЕУ, а тоа , како пишува српски курир, повикувајќи се на Дојче Веле може и легално да се купи.

Државјанствата на ЕУ или неограничени визи за престој во ЕУ спаѓаат во оние кои на цел свет е најтешко да се добијат и поради тоа големата побарувачка довела до создавање на илегален пазар на кој корумпирани службеници на многу земји на ЕУ заработуваат пари со фалсификувани документи, се наведува во текстот.

„Меѓутоа многу земји на ЕУ сакаат и официјално да дојдат до заработки и затоа под името „Златна виза“ тргуваат со државјанства и визи за престој и така заработуваат милијарди“ стои во текстот.

Последниот случај на недозволени махинации е забележан во Бугарија. Во почетокот на минатата недела, таму се притворени дваесетина службеници кои со години издавале докази за бугарско потекло на граѓани на Македонија, Молдавија, Украина ... и така заработувале илјадници евра.

Оние кои имаат таков доказ, по законот мора да се стекнат со бугарско државјанство. За издавање на сертификат е задолжена канцеларијата за Бугари во странство САБА. Оваа недела беше сменет и шефот Петар Харалампиев, кој се смета за водач на корумпираната мрежа.

Се тоа всушност со години е познато, а тоа што дури сега дојде до апсење веројатно е дел од интерната борба за моќ во владата, се истакнува во текстот. При тоа Бугарија не е единствена земја во која тоа се работи. Според истражувањето на локани медиуми, и во Романија и Унгарија веќе со години се тргува со лажни сертификати за потеклото. Системот кој во ЕУ се вика „златна виза“ не е со ништо помали димензии. 

По тој систем, државјанство на некоја земја од Еу, или трајна виза за престој, може да се добие од оној кој - или доволно ќе плати или ќе инвестира.

Половина земја од ЕУ, меѓу кои Бугарија, Грција, Велика Британија, Кетонија, Литванија, Малта, Австрија, Португалија, Шпанија, Унгарија и Кипар, нудат такви програми.

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот