Секој уапсен Полјак ќе плати 150 евра казна во македонскиот буџет
Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2019
Основниот суд објави дека прекршочната казна која ја платиле сите уапсени 223 полски навивачи изнесува по 150 евра од приведен.
Одделот за прекршоци ја одреди оваа санкција по масовното апсење на полските навивачи во петокот пред кваификацискиот натпревар помеѓу македонската и полската фудбалска репрезентација.
Полјаците, кои важат за едни од најагресивните навивачи кога гостуваат во странство, започнаа масовна меѓусебна тепачка пред арената „Тоше Проески“ непосредно пред мечот, по што полицијата ги уапси за нарушување на јавниот ред и мир и ги приведе со автобуси на ЈСП поради нивната бројност.
Полјаците вчера од полициска станица со автобуси сите 223 беа однесени во судот за прекршоци во Скопје.
Македонија ќе може да ја напуштат дури откако ќе ја платат казната.