23 Април, 2024
0.0267

СЕКОЈ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ЌЕ МОРА ДА СЕ ОСИГУРА: Владата го прави осигурувањето задолжително, нема веќе исплати од буџетот

Објавено во: Економија 01 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Владата планира да воведе задолжително осигурување во земјоделството, а за таа цел веќе се подготвува и нов Закон. Иако нема многу детали за иницијативата, за законското решение има информација на ЕНЕР. Со години, само мал број од земјоделците, ги осигуруваа своите посеви и добитокот, а при катастрофи и настанати штети по формирани ад-хок комисии, Владата и од буџетот вршеше обештетување на засегнатите земјоделци. Со новиот Закон практично ова решение треба да се замени со ново, да се формира Фонд за земјоделско осигурување и да се обештетува по закон.

„Во изминатиот период штетите кои настанаа во земјоделството, а се предизвикани од временски непогоди во одреден процент беа исплаќани од буџетот кај земјоделците кои не си го осигуруваа производството. Предложениот систем има за цел да ги замени постоечките ад-хок шеми за помош по катастрофи со решенија за осигурување на посевите и добитокот на државно ниво. Предлозите за системско решение со воспоствување на Фондот за земјоделско осигурување се во насока на унифицирање на надлежностите и постапките при настанувањето на штетите во земјоделството од неповолни климатски настани по еден законски основ, преку изработка и донесување на сила на Закон за задолжително земјоделско осигурување.

Според информациите на Фактор овој модел се применува во Турција, а предвидува целото земјоделство да е задолжително осигурено. Парите да се собираат во Фондот, а од настанати ситуации, обесштетувањата да се исплатуваат од склучените полиси. Тоа во иднина треба да придонесе да се намали и цената на полисите за осигурување. 

Според податоците од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, заклучно со 30 септември 2021 година склучени 3.652 договори за земјоделско осигурување што е за 2,5 проценти помалку од лани. Земјоделците вложиле во полиси односно во осигурување точно 491,5 милиони денари или 2 проценти повеќе од лани.

Инаку тие пак од штети за овој период наплатиле 249,2 милиони денари. Од оваа сума за физички лица - земјоделци се 140,8 милиони денари, а штетите кон правни лица се 81 милиони денари.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска