СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЛ 14-ГОДИШНО МОМЧЕ: Уапсен познатиот режисер Лигнадис

Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2021
Познатиот грчки режисер и актер, 56-годишниот Димитрис
Лигнадис е уапсен под обвинение за силување, пренесуваат странските медиуми.
Тој е обвинет за сексуално вознемирување на 14-годишно момче, како и за уште еден сексуален напад, но деталите
за него не се објавени во
јавноста.
Уметничкиот директор на Националниот театар на Грција ги отфрли сите обвинувања, објави неговиот адвокат. Тој рече дека Лигнадис бил уапсен откако во саботата доброволно се појавил во полициската станица во Атина.Тој во моментов е во притвор каде чека да се појави пред истражниот судија, пренесуваат странските медиуми.
Лигнадис се повлече од функцијата директор на почетокот на овој месец, жалејќи се на „токсичната клима во која доминираат гласините, озборувањата“. Неговото апсење се случи неколку недели откако грчката олимписка шампионка Софија Бекатору откри дека била сексуално нападната од член на грчката веслачка федерација.
YOUTUBE/EURONEWS (ΣΤΑ ΕΛΛΗΝΙΚΆ)/SCREENSHOTМожеби ќе ве интересира
Три грчки региони се во вонредна состојба поради земјотресите

Утре напладне почнува карантинот во Србија и ќе трае до понеделник

(ВИДЕО) Захариева повика да се погледне филмот „Историја од двете страни“

ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА ПРЕД ЦЕЛОСНО ЗАТВОРАЊЕ: Војската е распоредена на улиците во Црна Гора

СКАНДАЛ: Очајни жени тужат салон за убавина - сакале да ги пополнат брчките, излегле со страшни изгореници

Српски аналитичар рече дека Каракачанов е Грк, а го спомена и македонското прашање

Земјотрес со јачина од 4,4 степени попладнево ја стресе Грција

СРПСКИ ВИРУСОЛОГ: Мора да поминат две до три недели по втората доза за да бидете заштитени
