СЕКТОРОТ ПРЕД КОЛАПС: Германија бара 60 000 возачи на камиони
Објавено во: Свет 04 Јуни, 2019
На Германија и недостасуваат десетици илјади возачи на камиони, толку што наскоро полиците во супермаркетите би можеле да останат празни.
Според податоците на Сојузот за шпедиција и логистика, на германските шпедициски фирми им фалат помеѓу 45 и 60 илјади возачи , а нивниот портпарол предупредува дека таа бранша поради недостаток на работна сила се наоѓа „пред колапс“.
Работата на возачите на камиони станала неатрактивна поради ниските плати и лоши работни услови, нешто што претставниците на шпедициите сега ветуваат дека ќе го поправат, а сега сакаат да привлечат и жени. Во моментов има дури 1,7 отсто жени меѓу сите камионџии во Германија.
Ситуацијата во изминативе години е таква што годишно во Германија во пензија заминуваат околу 30 000 возачи на камиони, додека се вработуваат дури околу 15 000 нови. Според студијата на Светска банка, на Германија во 2030 ќе и недостигаат дури 150 000 возачи на камиони.
Надлежните ветуваат дека ќе ги подобрат условите и платите на возачите на камиони.