28 Март, 2024
0.0270

Села ќе оди на избори, но прво да се гласа СЈО

Објавено во: Македонија 26 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Пратеникот Зијадин Села од Алијанса на Албанците, денеска ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ  да гласаат за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство и за специјален суд, а тој потоа ќе гласа за нови предвремени избори.

Тој им порача на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека е очигледно дека напаѓаат нешто што постоело и кога била ВМРО-ДПМНЕ на власт, алудирајќи на платформата. 

„Ние Албанците имаме израз: Како ќе се обратиш на планината, така ќе ти врати. Се кажуваше и за платформа и за суверените. Платформата постоеше и кога вие имавте мандат, сега само сакате да ја избегнете одговорноста. Јас не сум од политичарите кои на своите деца сакаат да им остават иднина на мито и на корупција. Затоа, вашиот предлог за предвремени избори го прифаќам. Но, дали сте сигурни дека вашиот претседател Иванов нема да ги игра истите игри со недавање мандат. Ајде да го разрешиме во Парламентот. Нека бидат и локални и парламентарни избори истовремено, ама ајде првин да гласаме за СЈО со двотретинско мнозинство, за специјален суд, па да одиме на предвремени избори. Јас ќе гласам, прашајте го вашиот претседател и кажете“ – изјави Села.

На оваа прозивка му одговори Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Колега Села, јас ќе ви одговорам исто така со поговорка. Како си сеел, така ќе жнееш… Ти, колега, кажа дека знамето и химната не важат за тебе, каков однос од нас сакаш? Ти го споменуваш СЈО, совршено добро знаеш што е СЈО. Претседателот Груевски и оној кој вие фикус го нарекувате, им побара на СДСМ да се откажат од платформата и ќе добијат поддршка за малцинска влада, понуди потоа, ако сака, сите од ВМРО-ДМНЕ да ги носи  во затвор. Не е во прашање омраза наша спрема вас, туку дали сме подготвени да имаме соживот, колега Села“ – рече Јованоски.

Денеска е 19-то продолжение на конститутивната седница во Собранието. 

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?