28 Март, 2024
0.0268

Селмани за Фактор: Треба да се анализира гласањето на Албанците на референдумот

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Владејачкото мнозинство да обезбеди поддршка од 80 пратеници или да оди на предвремени парламентарни избори, вели Имер Селмани за Фактор анализирајки ги резултатите од референдумот. Според него најдобро е да се најде согласност да се донесат уставните измени во Собранието со цел Македонија да го запази акцискиот план кој е направен за земјава да се зачлени во НАТО и да започне преговори со ЕУ. Селмани смета дека власта не треба да дозволи да биде уценувана ниту да преговара со опозицијата за поддршка на договорот.

„Најдобро е во собранието да се обезбеди мнозинство од 80 пратеници кои ќе ги поддржат уставните измени кои се зацртани во преспанскиот договор, вели Селмани

Селмани е задоволен од исходот на референдумот, смета дека бројката од 680 илјади е за почитување, особено што најголем дел од нив се изјасниле „ЗА„. За коментарите во јавноста дека алабанските гласачи не излегле масовно да го поддржат договорот, Селмани вели дека тоа е мало изненадување особено што кај албанскиот блок сите политички партии се изјаснија дека треба да се поддржи преспанскиот договор за името.

„Треба да се прават дополнителни анализи за исходот, зошто не се постигна излезноста како што беше на последните локални избори. Треба да се анализира дали кампањата беше доволно информативна за Албанците за да излезат да глгасаат на референдумот, вели Селмани.

Тој смета дека референдумот помина во една фер и демократска атмосфера без сериозни инциденти. Според него бројката луѓе кои излегоа на гласањето е доволно сериозна за да даде легитимитет на оваа влада да продолжи со реформите.

Ѓ.Т. 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија