24 Април, 2024
0.0271

Семафорот на пешачкиот премин во Ново Лисиче само што не светнал: Што се чека за да почне да работи?

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

По неколку месеци чекање жителите на скопски Аеродром наскоро ќе го добијат семафорот над булеварот „Србија“ во Ново Лисиче. 

Целата работа е во завршна фаза а надлежните велат дека се чека на приклучокот на ЕВН.

„Поставувањето на семафорот над булеварот „Србија“ во Ново Лисиче е во завршна фаза. Сите изведбени работи се завршени и истите беа спроведени од страна на екипите на ЈП “Улици и патишта”. Семафорот ќе биде ставен во функција веднаш откако екипите на ЕВН ќе направат приклучокот на истиот“, велат од град Скопје за Фактор. 


Семафори на овој пешачки премин побараа жителите на Аеродром бидејќи кон крајот на септември минатата година кога 61-годишна жена загина минувајќи го булеварот на пешачкиот премин заедно со тригодишната внука, која доби тешки телесни повреди.

Во меѓувреме, на оваа сообраќајница и натаму се вози пребрзо при што многумина возачи не водат сметка за тоа што тука има пешачки премин. Со секое одложување се зголемува опасноста некој тука повторно да биде повреден.

Овој пешачки ги поврзува Ново Лисиче и Аеродром. Води до Детската улица, во близина има училиште и градинка и жителите постојано се жалеа дека не може да го преминат булеварот оти автомобилите не застануваат на пешачкиот премин а постојани се и честите моторџии кои имаат диви трки речиси секоја вечер кога времето им го дозволува тоа.

Фото: Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција