Сензација во Германија - сите соседи се изненадени
Објавено во: Свет 14 Февруари, 2018
Германија ги изненади своите соседи со намерата да воведе бесплатен јавен превоз за да го намали загадувањето.
Намерата е наведена во писмо до Европската Комисија.
Целта е да се намали бројот на приватни автомобили.
Предлогот ќе биде тестиран до крајот на 2018 година и тоа во градови од Западна Германија.
Ќе се огранични емисијата на штетни гасови и ова ќе биде приоритет за Германија.
Заедно со Франција, Шпанија, Италија и други земји членки Германија доцни во спроведувањето на овие мерки.
Во најмалку 130 европски градови воздухот е загаден.
400.000 луѓе ширум Европа умираат од загаден воздух секоја година.