Сепак имало пропуст! МНР со реакција
Објавено во: Балкан 18 Мај, 2018
Министерството за надворешни работи (МНР) преку Постојаната мисија на Република Македонија во ЕУ реагираше до надлежните служби во Унијата во врска со погрешното именување на јазикот на Македонија на веб-страницата на ЕУ, соопштува МНР.
Од МНР наведуваат дека како и во претходни вакви случаи, редовно упатуваат реакција со која се бара корекција и именување на јазикот како македонски.
„Оваа пракса е резултат на долгогодишниот спор меѓу Република Македонија и Грција“, велат од МНР.
Реакцијата доаѓа откако на официјалните документи на „Самитот ЕУ-Западен Балкан“, во Софија во графата јазици стоeше јазик на Поранешна југословенска Република Македонија.