24 Април, 2024
0.0358

Сет закони од Министерство за финансии со директни поволности за граѓаните и фирмите

Објавено во: Финансии 19 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии изготви или стави во примена 8 закони кои; како што соопштија, нудат директни поволности за граѓаните и фирмите.

Граѓаните повторно можат да поднесуваат барања за приватизација на државно градежно земјиште. Со истекување на рокот на 15 декември 2014, граѓаните ја немаа оваа можност. Сега тие повторно го имаат ова право и тоа во следните три години.

Во насока на исполнување на барањата на граѓаните, но и градежните компании, со измените на Законот за ДДВ, стапката на ДДВ за станови останува повластена, односно пет отсто во следните пет години.

„За да ги заштитиме граѓаните изготвивме Предлог-закон за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити. Со него се става лимит на трошоците за подигнување кредити од финансиски друштва, што ќе влијае на намалување на истите.

Изготвен е нов Закон за акцизи, кој предвидува повеќе поволности. Се предвидува и акцизата за тутунските производи и алкохолните пијалаци да се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега таа се плаќаше однапред, со подигањето на акцизните марки.

Се олабавува казнената политика во делот на царините. Со Царинскиот закон, усвоен од Собранието,  ќе се врши правична и пропорционална примена на прекршочните одредби, соодветно на тежината на сторениот прекршок. Се врши и намалување на глобата од 250 евра на 50 евра за правни лица и од 50 евра на 15 евра за физички лица, за царинските прекршоци со мандатен платен налог.“-посочија од МФ.

Министерството за финансии изготви закон за гаранција, кој ќе овозможи пристап до 100 милиони евра евтини кредити на малите и средни претпријатија. Законот е усвоен од Владата и влезен во собраниска процедура. По усвојување на законот од Собранието, ќе се потпише договор со Европската инвестициска банка, по што преку Македонската банка за поддршка на развојот евтините кредити ќе им станат достапни на фирмите.

Направени се измени и во Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, со кои се утврдуваат права за надомест на штета на сопствениците на багажот и на пратките.

Со измени на Законот за супервизија на осигурување, осигурителните компании ќе бидат обврзани, во рок од 5 дена, сите измени кои ги прават во општите и посебните услови на полисите за осигурување да ги објават на својата веб-страна. Овие измени се со цел заштита на правата на потрошувачите, како и подобра информираност и поголема транспарентност.

Овој сет на закони на Министерството за финансии, потенцираат се доказ за слухот на Владата за потребите на граѓаните и фирмите, интересот за заштита на нивните права и правичен третман на сите.


Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА