29 Март, 2024
0.0258

Северна Кореја се закани дека ако има построги санкции САД ќе ја платат цената

Објавено во: Свет 11 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Северна Кореја предупреди дека на САД ќе им нанесат „најголемо страдање и болка“ ако продолжат во Обединетите нации да бараат заострување на санкциите. 

Советот за безбедност денеска треба да гласа за предлогот на Вашингтон за поостри санкции врз Пјонгјанг.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја предупреди дека доколку Вашингтон влијае за усвојување, Северна Кореја ќе преземе мерки за кои „цената ќе ја платат Соединетите држави“.

Советот за безбедност на Обединетите нации го прифати барањето на СAД и денеска ќе гласа за нови санкции врз Северна Кореја за нејзиното постојано непочитување на резолуциите на Советот во врска со нејзината нуклеарна и балистичка програма.

Тоа велат претставува натамошно загрозување на мирот во светот од страна на Пјонгјанг.

САД најпрвин предложија целосна забрана на снабдување со широк спектар на нафтени производи и на извоз на севернокорејската текстилна индустрија.

Побарано е и замрзнување на имотот на севернокорејската влада и на нејзиниот лидер Ким Џонг Ун, како забрана за негово патување во странство.

Подоцна американските претставници во Обединетите нации доставија нов малку поблаг предлог од претходниот.

Во него се бара „прогресивно“ нафтено ембарго врз Северна Кореја.

Не се знае дали Кина и Русија кои се најголемите сојузници на Северна Кореја ќе ги поддржат новите мерки против Пјонгјанг.

Овие две земји имаат право на вето во Советот за безбедност.

Северна Кореја на 3 месецов реализираше шеста нуклеарна проба со хидрогенска бомба која е посилна од атомската.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?