СЕВЕРНА КОРЕЈА СУПЕРИОРНА: Ким размислува дали ќе се сретне со Трамп
Објавено во: Свет 16 Мај, 2018
Северна Кореја размислува дали ќе се одржи состанокот на 12 јуни ако САД продолжат да бараат еднострано напуштање на нуклеарното оружје.
На тоа се огласи Белата куќа коментирајќи ја длабоката резервираност на Ким, за тоа дали ќе се одржи средбата меѓу претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, закажана за 12-ти јуни во Сингапур.
Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс за телевизијата Фокс, изјави дека „САД се подготвени за средба, и доколку се случи, тоа ќе биде одлично. И натаму се надеваме дека средба ќе има“.
Таа додаде дека претседателот Трамп е подготвен за „тешки преговори“, но доколку разговорите бидат откажани, САД ќе продолжат со кампањата на максимален притисок, воведувајќи економски санкции против Северна Кореја.