25 Април, 2024
0.0274

Северна Македонија и ФАО работат за да ги олеснат инвестициите преку Зелениот климатски фонд

Објавено во: Мои пари 12 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Околу 50 претставници на владините институции, министерствата, граѓанскиот и приватниот сектор, академијата и меѓународните организации се собраа денеска во Хотелот Радика во Маврово да дискутираат на техничко ниво за стратешкиот ангажман на земјата со Зелениот климатски фонд (ЗКФ).

Ова е втора по ред национална консултативна средба организирана во рамки на првиот проект на Северна Македонија од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд - "Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд" – спроведуван од ФАО под раководство на Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, како Националениот назначен орган за ЗКФ.

Зелениот климатски фонд претставува нов партнер за финансирање за инвестиции за прилагодување кон и ублажување на климатските промени во Северна Македонија. Со цел успешен ангажман со Фондот, потребна е силна институционална рамка, ефективна вклученост и координација на засегнатите страни на национално ниво.

Во овој контекст, експертите на ФАО го поддржаа Националниот назначен органза ЗКФ да спроведе сеопфатна анализа на постоечките институционални релации, вклучувајќи ја и структурата на сите национални тела, комисии и совети релевантни за прашања поврзани со одржливиот развој, финансирањето и климатските промени. Врз основа на анализата, развиен е нацрт-предлог за идниот национален координативен механизам за донесување одлуки за прашањата поврзани со ЗКФ. Учесниците на настанот ќе бидат информирани и консултирани за нацрт-предлогот за национален координативен механизам за ЗКФ - вклучувајќи ги релевантните тела кои ќе бидат вклучени, нивните улоги и одговорности.

Во поздравниот говор на настанот, советничката за меѓународна економија и развој на Премиерот, Олимпија Христова Заевска истакна дека "ангажманот со Зелениот климатски фонд преку подготвителната поддршка и помага на земјата да ги соедини своите напори за национално и глобално влијание, како и поттикнување одржлив и “зелен” економски развој. Понатаму, им помага на различните чинители кои работат во областа на климатски промени да ја препознаат заемната поврзаност по ова прашање и важноста од заедничкои транспарентно работење", додаде таа.

Спроведената детална анализа на клучните стратешки документи развиени во Северна Македонија во врска со климатските промени укажа дека енергетиката, транспортот, водите, земјоделството, отпадот, биолошката разновидност, здравството, шумарството и културното наследство се приоритетни сектори за климатска акција во земјата.  На денешниот настан, партнерите исто така ќе научат како да идентификуваат проектни идеи во овие приоритетни сектори кои имаат мерливо влијание врз климатските промении се подобни за финансирање преку ЗКФ, а се усогласени со приоритетите за адаптација и ублажување на климатските промени и останати тековни активности на национално ниво.

Кармен Аргељо, ФАО координатор на проектот за подготвеност, истакна дека “ова е многу важен чекор во градење на партнерство меѓу националните чинители во Северна Македонија и Зелениот климатски фонд, за да создадеме поволно опкружување за зголемена сопственост на земјата и пристап до климатски финансии".

Како резултат на Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка, Владата ќе може да креира Национална Програма за Зелениот климатски фонд, усогласена со националните приоритети, која повикува на смела климатска акција која ќе стимулира конкретни решенија за намалување на емисиите и зголемување на климатската отпорност во приоритетните сектори.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет