СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи
Објавено во: Свет 23 Ноември, 2024
Технички советници од Северна Кореја пристигнаа во окупираниот украински пристанишен град Мариупол, облечени во руски униформи, јавува CNN, повикувајќи се на извор од украинските безбедносни сили.
Севернокорејските трупи во Мариупол остануваат одвоени од руските единици што ги поддржуваат, изјави извор за Си-Ен-Ен.
Додека другите странски борци во руските редови се интегрираат во единици, Севернокорејците се чуваат одвоени, со сопствено сместување, храна, музика и филмови, додаде тој. Севернокорејски војници биле забележани и во источниот регион Харков, потврдил за Си-Ен-Ен портпаролот на украинската војска.
Друг украински воен претставник изјави дека севернокорејските трупи во Харков „се делат на единици, ги зајакнуваат борбените единици и собираат помалку сили на линијата на фронтот“.
EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.