17 Април, 2024
0.0257

СЕЗОНСКА РАБОТА, РОДИТЕЛСКО ОТСУСТВО, РАБОТА ОД ДОМА: Се подготвува новиот Закон за работни односи

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во Мининистерството за труд и социјална политика  Министерката Шахпаска  одржа работна средба со претставници од репрезентативните, нерепрезентативните синдикати и  претставници на работодавачите.

На средбата се дискутираше за продолжување на процесот на подготовка на Законот за работните односи при што Министерката Шахпаска побара активно вклучување на сите чинители засегнати од законското уредување на прашањата кои ги регулира овој Закон. Таа додаде дека следните работни среди ќе бидат надополнети и со претставници на невладиниот сектор и стопанските комори. Притоа, таа присутните претставници ги запозна со содржината на програмата на Владата, а која е поврзана со Законот за работни односи.

-Она на кое  што ќе работиме периодот пред нас се уредување на прашањето во врска со сезонската работа, флексибилното работно време, родителското отсуство, работата од  дома работата од  далечина, договорите на определено време и други прашања важни за унапредување на позитивното законодавство, а ќе обезбедат флексибилност и сигурност на работните места, посочи Шахпаска.

Во овој процес ќе бидат вклучени и експерти од трудово право и Меѓународната организација на трудот, со цел добивање на експертско мислење за усогласеноста на Законот со директивите на ЕУ и Конвенциите на МОТ.

На крајот од работната средба сите страни се согласија на поинтезивна работа и средби во периодот кој следува, со цел побрзо заокружување на содржината на новиот Закон за работни односи.


Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта