20 Април, 2024
0.0267

Сфатија ли поголемите партии дека е потребно воведување една изборна единица?

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Поминаа уште едни парламентарни избори кои покрај тоа што ќе се паметат дека се гласаше во време на пандемија ќе се паметат и по тоа што системот ДИК беше мета на електронски напад во моментот кога се пребројуваа гласовите. Генерално може да се забележи дека изборниот ден помина во фер и демократски амбиент со помали недостатоци во почитувањето на протоколите за гласање. Резултатите ни се добро познати на сите односно СДСМ и коалицијата „Moжеме“ освоија 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ освоија 44 мандати, ДУИ освои 15 мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива освои 12, додека Левица освои 2 мандати и ДПА освои 1 мандат. Комбинаториките за како ќе се составува владиното мнозинство се веќе започнати, но извесно е дека лидерот на СДСМ и коалицијата „Moжеме“, Зоран Заев ќе биде новиот мандатар и прв ќе има шанса да состави владино мнозинство, информираа од аналитичкиот центар на СДСМ.

Во изминатите неколку години помалите политички партии активно се залагаат за менување на сегашниот изборен модел и воведување на една изборна единица без изборен праг кое впрочем беше и дел од програмата на СДСМ во претходниот мандат кое за жал не се реализираше. Последната иницијатива во пресрет на носењето на изборниот законик беше покрената од ДОМ која доби поддршка од 15 пратеници од 10 партии и еден независен пратеник. Сепак, оваа иницијатива не беше прифатена од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Од досега спроведените анализи на Ромалитико може да се забележи дека на изборите во 2020 година бројот на изгубени гласови односно нераспределени во мандати за пратеници изнесува 59.841 што би значело 8 мандати. Според симулацијата на Ромалитико на резултатите од 15 Јули доколку би се замениле шесте изборни единици со една изборна единица, СДСМ би освоиле 45 мандати, ВМРО-ДПМНЕ – 43, ДУИ – 14, Алијанса и Алтернатива – 11, додека Левица би освоила 5 мандати, ДПА 1 пратеник, а во Собранието би влегла и Интегра со 1 пратеник. При еден ваков изборен модел со една изборна единица нераспределени би останале 19.465 гласови односно 2 мандати кои ги добиле помалите политички партии. Со излезеноста од 51.34% на овие парламентарни избори на политичките партии партиите потребни би им биле 7.275 гласови за да освојат еден мандат.


Моменталниот изборен модел најмногу го девалвира гласот на помалите партии, особено на ромските политички партии кои поради географски и политички скроените изборни единици немаат еднакви и фер можности за квантитативно соединување на гласовите на ромскиот електорат, па така избраниците на ромската заедница секогаш доаѓаат од втората изборна единица (Шуто Оризари и Куманово).Со други зборови, останатите Роми кои живеат во повеќе од 50 општини и се распространети низ целата територија на нашата држава не се претставени во парламентот односно изборниот модел не дозволува соединување на ромските гласови. Во еден ваков изборен модел, гласовите на повеќе од 35.000 Роми завршуваат на контото на коалициите предводени од поголемите политички партии каде што ромските партии служат како декор и бројка. Исто така, поради моменталниот изборен модел ромските претставници не секогаш вистински можат да ги бранат интересите на ромската заедница бидејќи се избрани во рамки коалициите предводени од интересите на поголемите партии.

Ромалитико и граѓанската иницијатива Аваја бараат од поголемите политичките партии да го прифатат предлогот за една територијална единица без изборен праг кој ќе овозможи подемократски амбиент и поправедна изборна. Со еден ваков модел ќе се даде шанса да се артикулираат интересите на сите граѓани и на секоја граѓанска иницијатива и ќе се даде шанса за поголем општествен развој и подобар живот за сите.

Ромалитико веќе подолго време ја застапува идејата за воведување на една изборна единица без изборен праг бидејќи воведување на изборен праг ќе биде повторно на штета на помалите партии и тогаш ќе се изгуби целисходноста на воведувањето на една изборна единица, бидејќи помалите партии нема да може самостојно да се натпреваруваат на избори и на тој начин ќе бидат зависни да коалицираат со поголемите политички партии. Во ваков случај, би било подобро да остане сегашниот изборен модел отколку една изборна единица со изборен праг. Моделот со една изборна единица без изборен праг е решение кое што ќе понуди еднакви можности на помалите партии да партиципираат во изборните процеси во државата.

Автор: Дениз Селмани, Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико и дел од Граѓанската иницијатива - АВАЈА


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите