СГС и натаму „жнее“ тендери
Објавено во: Економија 17 Јануари, 2019
Агенцијата за обезбедување на лица и објекти Секјурити Груп Сервис (СГС) го добила тендерот да го чува Археолошкиот музеј на Македонија за сума од 113.000 евра, објави „Цивилмедиа“, откако операторот бил единствениот учесник на тендерот на кој се барало понуда од најниска сума.
Агенцијата е позната по тоа што беше застапена во т.н. „бомби“ и за кратко време се проби како неприкосновена во своите услуги, наспроти другите конкуренти, по своето формирање во 2010.
Како што објавува „Цивилмедиа“, агенцијата и натаму добива тендери да обезбедува објекти како Музејот на Холокаустот на Евреите, Агенција за електронски комуникации, општата болница во Велес, училиштата и градинките во општина Аеродром, како и изградби од проектот „Скопје 2014“.