ШАМАР ЗА АМЕРИКА: Со кој сака Турција да го контролира повлекувањето на трупите на САД од Сирија
Објавено во: Балкан 09 Јануари, 2019
Турција сака заедно со Русија и Иран да го контролира излегувањето на американските сили од Сирија, изјавил шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, пренесуваат медиуми од регионот.
-Сад се соочуваат со некои потешкотии во процесот на повлекување на силите од Сирија. Ние сакаме да го координираме овој процес со Русија и Иран, со кои е воспоставена соработка во рамки на астанскиот процес. Важно е терористичките организации да не ги заземат ослободените места (по повлекувањето на САД) - рекол Чавушоглу.
Заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјавил претходно дека Русија и САД наскоро ќе зборуваат за Сирија. Тој истакнал дека Сирија е многу важна во сите аспекти, вклучувајќи и реконструкција и бегалци - проблеми кои, како велат, САД ги избегнуваат.
Американската војска моментално има повеќе од 2000 војници на територијата на Сирија.
Претходно телевизијата ЕнБиСи соопшти дека САД би можеле да остават дел од војската на југот од Сирија на неограничен рок, и покрај одлуката на претседателот целосно да ги повлече американските трупи од оваа арапска земја.