28 Март, 2024
0.0262

Шарл Мишел денеска за прв пат во Македонија, посета за уште едно охрабрување на земјата

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Првиот човек на Европскиот Совет, Шарл Мишел, денеска за прв пат ќе ја посети Македонија, а тој е следен во низата на европски челници кои за краток временски период на официјално Скопје му даваат уверување дека Брисел е целосно посветен Македонија да го направи клучниот исчекор и напролет да ги почне преговорите со Европската Унијата.

Минатата недела еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи рече дека Македонија е целосно подготвена да ги започне преговорите со ЕУ и најави дека на Европскиот парламент му предложил да одобри 50 милиони евра за реформските процеси во земјава.

Европскиот Совет предводен од Мишел ќе го има клучниот збор за македонските преговори, а се очекува тој во Скопје да ги презентира контурите на новата методологија на преговарање, која треба да биде објавена во февруари.  Очекувањата се дека тоа е клучниот потег кој ќе го омекне ставот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој конечно ќе треба да даде зелено светло.

Не е познато дали Мишел во Скопје потворно ќе го реафирмира прашањето за потребата од носење на Законот за јавно обвинителство, но генерално мислење е дека тој треба да се донесе до изборите во април, иако според реториката на власта и опозицијата, не изгледа дека таа работа ќе се движи со леснотија.

Мишел ќе допатува од Албанија, која ќе ја посети исто така денеска. Неговите средби со државниот и политички врв во земјава се предвидени за попладневните часови. Теми за разговор на средбите очекувано е да биде пристапувањето на земјава во ЕУ и реформскиот процес.

За време на посетата на Хрватска како земја-претседавач со ЕУ изјави дека Брисел треба да испрати силна и јасна порака до Тирана и Скопје. Тој во Загреб изрази надеж дека Советот ќе постигне согласност.

Европската комисија најави дека во февруари ќе ги објави прдлог измените на методологијата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење