Шефот на СЗО во Србија: Кој не ги прифаќа вакцините не треба да биде лекар
Објавено во: Балкан 24 Април, 2019
Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација во Србија
Маријан Ивануша, во утринска емисија на српска телевизија изјави дека леркарите мора да
внимават како и што зборуваат за вакцините.
„Не можам да разберам како може здравствен работник да не ги прифаќа вакцините. Ако некој лекар не прифаќа вакцини, според мене, треба да му биде одземена лиценцата за работа“, изјави Ивануша.
Процентот на вакцинирани лица во Србија во минатото бил доста повисок, трендот на помал број на вакцинирани деца започнал во деведесетите години од минатиот век. Овој тренд продолжил да се применува се додека процентот на вакцинирани лица во Србија не го достигнал критичното ниво. Да се надеваме дека ќе се свестиме за колективната заштита преку вакцинација и дека овие непотребни паники од вакцините се тотално непотребни, истакнал шефот на канцеларијата на СЗО во Србија.
Тој исто така, истакнал дека информациите кои кружат низ луѓето и интернет дека МРП вакцините предизвикуваат аутизам се тотална глупост. Таков медицински доказ не постои.
Маријан Ивануша истакна дека малите сипаници се системска болест. Можете да ја поминете и многу лесно, но за жал можете и да завршите со трајни последици по вашето здравје, па дури да ве чини живот.
Минатата година во Европа починале 75 луѓе со морбили, голема бројка, за болест која може да се спречи.
Инаку, во Македонија сеуште трае епидемијата на морбили на целата територија. Министерството за образование започна и со агресивна кампања за теренска вакцинација во сите училишта. Оваа кампања според министерствтото ќе донесе позитивни резултати.