04 Декември, 2021
0.0276

Шефови од Кочани со кривични пријави, не им давале на вработените да гласаат

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2021

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите" откако како управители на фирма не им дозволувале на четворица вработени да гласаат на локалните избори.

„ОВР Кочани до надлежното ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Р.А. (54) и Б.Ш. (46) од Кочани поради основано сомнение дека сториле кривични дела "повреда на слободата на определување на гласачите" по чл. 160 ст.1 в.в.член 19 од КЗ. По претходна пријава, преземени се мерки од страна на полициски службеници од ОВР Кочани за расчистување на случајот. 
Утврдено е дека во периодот од 08.10.2021 до 15.10.2021 година во повеќе наврати Р.А. и Б.Ш. со намера да ги спречат да си го извршат избирачко право, им се заканувале на А.Д., С. Д., А.И. и З.М., сите од Кочани дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се“, објави МВР.

Осомничените лица биле повикани на информативен разговор, извршени се консултации со локалниот дежурен обвинител и против двајцата е поднесена кривична пријава.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тажен ден за Македонија, донесени се телата на 45-те загинати во автобуската несреќа во Бугарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тажен ден за Македонија, донесени се телата на 45-те загинати во автобуската несреќа во Бугарија

Се очекува студ и снег наредните денови

Се очекува студ и снег наредните денови

Мицкоски стравува дека Заев ќе потпише нов штетен договор со Бугарија

Мицкоски стравува дека Заев ќе потпише нов штетен договор со Бугарија

МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ НЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ЛИДЕР НА СДСМ - ова не значи дека ќе останам настрана од клучните процеси за мојата партија

МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ НЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ЛИДЕР НА СДСМ - ова не значи дека ќе останам настрана од клучните процеси за мојата партија

Отишла во Турција да купи чеиз и не се вратила

Отишла во Турција да купи чеиз и не се вратила

Кај нас 79 отсто од починатите се невакцинирани, соопшти Министерството за здравство

Кај нас 79 отсто од починатите се невакцинирани, соопшти Министерството за здравство

Наместо да седи во изолација, отишол во обложувалница каде со нож го нападнал вработениот

Наместо да седи во изолација, отишол во обложувалница каде со нож го нападнал вработениот

(ГАЛЕРИЈА) Со државна церемонија беше оддадена почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

(ГАЛЕРИЈА) Со државна церемонија беше оддадена почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

НАЈНОВА КОВИД СТАТИСТИКА: Новозаразени со ковид 342 лица, починаа 7 пациенти

НАЈНОВА КОВИД СТАТИСТИКА: Новозаразени со ковид 342 лица, починаа 7 пациенти