Шеиците се повлекуваат од Балканот?
Објавено во: Економија, Балкан 19 Август, 2019
Ентузијазмот за арапски инвестиции во БиХ кој беше изразен пред 3-4 години, спласна во последните две години, и вложувањата се многу поскромни од очекувањата, пишува порталот Индикатор.
Централната банка на БиХ покажува дека од трите арапски земји кои вложуваат во државата, Саудиска Арабија, Кувајт и Обединети Арапски Емирати, заклучно со 2018 година инвестирани се 717,6 милиони конвертибилни марки.
Тоа е 5% од парите кои преку инвестиции се вложени од 1994 година од кога се води евиденција.
Купувањето на недвижнини или се одвива споро или воопшто не се реализира.