29 Март, 2024
0.0275

Шекеринска – Најт: Вермонт е круна на пријателството и соработката со НАТО и САД

Објавено во: Македонија 15 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Соработката помеѓу нашата Армија и Националната гарда на Вермонт претставува круна на соработката помеѓу нашата земја и САД заклучија на денешната средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска и командантот на Националната гарда на Вермонт, аѓутант генерал Грегори Најт, кој престојува во неколкудневна посета на Република Северна Македонија.

Посетата на командантот на националната гарда на Вермонт се случува во период во кој Армијата го чествува својот Ден – 18. Август, во година во која се слави 25-годишнина од почетокот на соработката помеѓу двете вооружени сили, но и година во која броиме денови до полноправното членство во НАТО – Алијансата.

Во тој контекст, министерката Шекеринска изрази задоволство од исклучително развиената соработка преку која, истакна, двете вооружени сили заеднички се развиваа и созреваа.

„По четврт век фактите и бројките говорат за многу блиско и многу конструктивно партнерство. Во овој 25-годишен период речиси 5.000 припадници на нашата армија и на Министерството за одбрана поминаа низ обуки, настава и консултации спроведени со Националната гарда на Вермонт. Само оваа година имаме 16 заеднички активности во делот на човечки ресурси, во делот на воената медицина и во делот кој што е многу важен за нас како држава, а тоа е справувањето со природните катастрофи“, подвлече министерката. Таа додаде дека нашите идни лидери и офицери, а во моментов питомци на Воената академија имаат шанса, еден семестар да поминат во престижниот Универзитет Норвич во Вермонт, што исто така е пример за успешноста на соработката.

Министерката ја спомена и неодамна завршената вежба „Одлучен удар“, каде освен вооружените сили на нашата држава, учествуваа и силите на Националната гарда на Пенсилванија од САД и четири други држави, членки на НАТО, вежба за која рече дека како најголема досега на наше тло, ја оправда довербата која и Алијансата и САД ја имаат во нас. Додаде дека соработката продолжува и во моментов и тоа преку заедничко инвестирање во капацитетите на полигонот „Криволак“.

Командантот на Националната гарда на Вермонт, Најт, истакна дека се воодушевува на одличноста, на работната етика и нашите позитивни карактеристики кои ги има видено во припадниците на Армијата. Изрази задоволство од бројот на активности кои се реализираа во изминатите 25 години и најави дополнително интензивирање на соработката.

„И покрај тоа што во овие 25 години сме направиле многу јас го споделувам ентузијазмот на амбасадорката Брнс за идните планови и идните активности кои што ги имаме предвид. Ние сме тука и секогаш даваме поддршка во вашето членство во НАТО и со нетрпение очекуваме да ве видиме како 30. членка во тој сојуз на еднакви. Јас во мојата улога како аѓутант генерал во следниот период планирам на еден начин да го подигнам нивото на соработка и да го донесам на едно следно ниво“, рече Најт и додаде дека соработката ќе се развива и во цивилниот дел, односно ќе се заокружи како целосна соработка на ниво на двете држави.

Во рамки на посетата, аѓутантот генерал Најт се сретна со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски, а средба имаа и двете армиски делегации.


Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор