28 Март, 2024
0.0435

Шекеринска: Ќе набавиме 150 возила за лесна пешадија од САД

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Радмила Шекеринска, министерката за одбрана, во синоќешното интервју во емисијата 360 Степени на Алсат потврди дека Македонија, согласно планот за модернизација на македонската армија, за 5 години треба да се спроведе набавка на околу 150 возила и оклопни транспортери од САД за лесната пешадија.

Шекеринска рече дека купувањето ќе оди преку договор влада со влада и дека тоа нема да биде комерцијална набавка.  Првиот проект лесни оклопни возила на тркала чека завршување на процедурата на договорот од американската страна.

- Тоа е договор за декларираните единици кои се на располагање во секој момент. Тоа го предвидува и уредбата која Владата ја усвои пред неколку месеци. Очекувам до крајот на годината да го имаме договорот и ќе ја имаме првата исплата заедно со средствата кои што ги чуваме за исплата за новиот простор во НАТО, рече Шекеринска.

Шекеринска спомена дека се чуваат 20 милиони евра за исплати за потребите за членувањето на Македонија во НАТО до крајот на годината, од кои 11 милиони евра ќе биде првата рата што ќе се плати за оклопните возила и транспортери.

„Според нашиот долгорочен план за развој на одбранбените способности, пресметувавме некаде 150 милиони евра во период од повеќе години. Тоа е некаде помеѓу 10 и 15 милиони евра на годишно ниво. Во рамки на овие 150 милиони, 30 милиони ќе бидат донација од САД“, вели Шекеринска.

Во донацијата, покрај неповратниот грант од САД за оклопни возила, истиот ќе вклучува и дополнителна опрема за лесната пешадија.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат