19 Април, 2024
0.0474

ШЕКЕРИНСКА КОНКРЕТНА: Пораките од ЕУ кои ги слушаме од 2018 година одекнуваат како празни ветувања, верувам дека Европа нема да дозволи тука да се случи политички вакуум

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Опкружена сум со луѓе кои ја разбираат големата слика, а таа е дека геополитиката никогаш не си замина од Балканот, иако имавме кратка пауза.

Со овие воведни зборови го почна своето излагање на Самитот за Западен Балкан организиран од Економист министерката за одбрана на земјава, Радмила Шекеринска.

Таа нагласи дека оваа констатација е факт, иако се создаваат големи климатски промени, климатска криза, но и напредок на интернет технологијата, и овие прашања сега имаат многу забрзан тренд, иако не се нови. Затоа, потенцира министерката, сега е вистински предизвик каков ќе биде институционалниот одговор на овие промени.

„Кога зборуваме за Западен Балкан, факт е дека некои од земјите на ЕУ не се среќни со проширувањето, и сега останува на ЕУ како ќе одговори на овие предизвици. Јас би сакала да дадам едно потсетување за сегашните европски лидери, на состојбите кога се распаѓаше поранешна Југославија, во смисла дека не е сеедно како ќе одговорите на одредени предизвици. Кога лошо ќе се прочита геополитичката реалност, тогаш настануваат такви состојби и затоа сметам дека Европа го нема луксузот лошо да ја прочита геополитичката реалност, која може да биде и сурова“, потенцира Шекеринска.

Министерката нагласи дека сега на ЕУ е да одбере дали ќе се наметне како глобален играч, или ќе биде само посматрач.

„Ако Европа сака да ја сфати улогата на глобален играч, сега е време да донесе храбри одлуки и да го покаже својот европски порив. Уште од 2018 година одекнуваат истите пораки, но на различни начини. Но, сите тие остануваат само како празни ветувања кои лошо зборуваат за сигналите што ги испраќа Европската унија“, потенцира Шекеринска.

Таа нагласи дека нашата држава многу напорно работеше, односно го склучивме Преспанскиот договор, како и дговорот за добрососедство со Бугарија, а направивме и многу во делот на слободата на медиумите. Значи, се беше реализирано, односно ние дури и повеќе испорачавме, потенцира министерката за одбрана.

„Фактот што станавме членка на НАТО ни даде малку простор, но останува потребата за членство во ЕУ. Еве сега гледаме какко се развива состојбата меѓу Србија и Косово, и јас верувам дека не постои граѓанин во Северна Македонија кој не гледа со страв на овие високи тонови што сега се разменуваат меѓу Белград и Приштина. Но, благодарение на членството во НАТО сега нема таква загриженост“ ја објасни министерката сегашната состојба на земјава.

Таа потенцира дека не е точно дека ја нема европската солидарност, што го покажа ковид кризата и пост ковид периодот, иако имаше извесни застои и доцнења, но факт е дека тоаа постои и тоа не ја намали улогата на ЕУ. Сепак, недостига инклузивност, и ова удира во сржта на европската моќ и сигурност во целиот регион.

„Пораката што сега како да ја слушаме е – немојте да забрзувате со реформите, бидејќи ние нема да испорачаме, дури и ако одлично сте сработиле“, објасни министерката.

Шекеринска потсети дека кога во 2008 година не успеавме да влеземе во НАТО, сите мислеа дека тоа ќе се случи многу брзо.

„Но, поминаа цели 10 години, време кое никогаш нема да се врати. Верувам дека сега ЕУ ќе ги најде своите сили за тоа да не се повтори и дека ЕУ нема да дозволи тука да се случи политички вакуум“, рече Шекеринска.

Самитот на Западен Балган е во организација на угледниот Економист, а групацијата Фактор е медиумски спонзор на настанот.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени