19 Април, 2024
0.0275

Шекеринска: Лага е дека на Криволак се користи осиромашен ураниум

Објавено во: Македонија 18 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска  изјави денеска дека во Македонија и надвор од земјата „постојат структури кои не сакаат Македонија да стане пристојно место за живеење, кои не сакаат Македонија финално да се стабилизира, и кои не сакаат да стане членка на НАТО и членка на ЕУ и затоа шират дезинформации.

Шекеринска ова го изјави на денешниот Отворен ден со АРМ, демантирајќи ги информациите во дел од медиумите дека на воениот полигон Криволак се користи муниција со осиромашен ураниум.

„Лага е дека на Криволак се користи осиромашен ураниум и неодговорно е и антидржавно и срамно што некој се обидува да ја злоупотреби. Најостро и најдецидно ја демантирам дезинформацијата со којашто сакаат граѓаните да се уплашат“- вели Шекеринска.

Откако започнаа НАТО обуките и тренинзи на полигонот, во неготинско главна тема е стравот од наводно зрачење од муницијата којашто се користи, и на социјалните мрежи се бараат одговори што точно ќе се случува во иднина во Криволак, и дали навистина како што се шпекулира, се очекува доаѓање и сместување на околу 3.000 американски војници.

Министерката додава дека треба да се прекине со разни теории на заговор и заплашување на населението, и смирува дека нема место за страв од непознатото. Околу гласините дека ќе се поставуваат контејнери за сместување на 3.000 НАТО војници во Криволак, вели дека дури и да сакаат, тоа не е изводливо, бидејќи полигонот нема толкав капацитет.

Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне