Шекеринска: Не го креваме телефонот на судии и на обвинители да им кажеме што да прават
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2020
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека тие не креваат телефон на судии и на обвинители да им кажат што да прават.
Таа изјави дека за секој мора да важи законот.
„Случајот „Рекет“ и сите истраги поврзани со тоа покажаа дека навистина никој не е над законот“, рече министерката.
За членството во НАТО вели дека тоа е прашање на недели, затоа што има позитивни вести од Мадрид.