19 Април, 2024
0.0277

Шекеринска побара од судот да му достави покана на Милошоски додека е в болница

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Вицепремиерката Радмила Шекеринска побара од судот да му ја врачи поканата за рочиште на Антонио Милошоски додека долгогодишниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ е на Клиниката за инфективни болести.

Милошоски на крајот на јуни објави дека ќе биде во изолација со престој во болница откако бил во претходен контакт со својата мајка, инаку позитивна на Ковид-19. Последно што објави поранешниот министер за надворешни работи е дека вториот  лабораториски наод од земен брис е негативен и дека овие неколку денови ќе закрепнува.

-Јас не можам да сфатам како може еден кандидат за пратеник во нашава изборна единица Антонио Милошоски да не е достапен за судските органи да прими покана за суд. Знаете што ќе се случуваше. Тој е сега во изолација нели. Па може сега да го најдат полесно. Ама пазете партијата која денес зборува дека ќе ја обновеле правната држава нејзините луѓе не одат на суд, не се појавуваат, бегаат. Некој од нас тоа да го направеше секој ден сам за тоа ќе зборуваа, рече Шекеринска.

Таа ова го кажа во разговор за ТВ Тера во Битола, коментирајќи го новиот закон за ЈО, како и постојаните опструкции со кои се соочуваше правосудството во изминатите години.

Инаку Милошоски претходно тврдеше дека поканата тој уредно ја примил и е политички спорна затоа што иако за тој случај истрагата траела со години таа е испратена на два дена предоргиналниот датум за предвремени избори 12 април.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите