ШEКЕРИНСКА ЗА ЛИДЕРСКАТА: Некои луѓе кои организирале криминални структури никогаш нема да се предадат
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2019
Вчерашниот неуспех на преговорите, кој ќе овозможеше многу случаи да стигнат до правна разрешница, мислам дека покажува оти некои луѓе кои организирале криминални структури никогаш нема да се предадат, рече денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Таа нагласи дека граѓаните, како и Владата очекувале и очекуваат нов закон за јавно обвинителство.
„Очигледно е дека луѓето во опозицијата бараат само стари послушници. Потегот на Владата со кој покажавме дека бараме институциите да ги гонат сите – власт, опозиција, граѓани, кого било, а за тоа не добивме поддршка од опозицијата, дава одговор на прашањето колку правната држава во Македонија мора да направи сѐ, за никогаш да не се вратиме назад“ – посочи Шекеринска.
Вели дека е очигледно дека првите луѓе на опозицијата сѐ уште очекуваат амнестија и неказнивост.
Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски заедно со преговарачките тимови не успеале да најдат компромис околу Законот за ЈО. Ова е епилогот од средбата која траела речиси седум часа а од која немаше ниту една изјава за медиумите.