24 Април, 2024
0.0283

Шекеринска за посетата на Столтенберг: Главна цел е да чуе и од наша страна што е она што сме го сработиле

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Mинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска изјави дека Македонија има што да му соопшти на генералниот секретар на Северноатлантската алијанса. 

Според неа, посетата на Столтенберг е порака сама по себе.

Таа вели дека за шест месеци постигнавме повеќе отколку претходните години. Министерката ова го изјави пред претстојната посета на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на земјава на 18-ти јануари.

„Главната цел на посетата на генералниот секретар на НАТО на Македонија, е да чуе и од наша страна што е она што сме го сработиле, но и да чуе какви се нашите планови. Во делот на одбраната, имаме со што да се пофалиме. Пред генералниот секретар ќе излеземе со податоци за зголемен буџет во одбраната, со веќе зголемено учество во НАТО мисијата во Авганистан, што беше еден од приоритетите на генералниот секретар пред само неколку месеци, и со нови политики на транспарентност и интегритет кои покажуваат дека Република Македонија за да биде вистински член на НАТО, прво треба да си обезбеди интегритет, транспарентност и одговорност во своето функционирање. Пред генералниот скретар буквално, ќе имаме што да покажеме и да  најавиме за следниот период“- нагласи Шекеринска.

На прашањето како го оценува проблемот со името за влезот на земјава во НАТО, таа вели дека „проблемот со името за жал стана еден од многуте проблеми кои НАТО ги нотираше во последниот извештај“.

Шекеринска вели дека успеале да ги неутрализираат лошите вести. 

Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право