20 Април, 2024
0.0269

Шеќеринска: Армијата да биде забрането место за сите политички партии

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Армијата да биде забрането место за сите политички партии, вклучително и за партијата од којашто доаѓам, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. 

Таа денеска се сретна со началникот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, со кој најавија добра, квалитетна и успешна соработка во периодот што следува.

„Тука сум за да се вратиме на нашата определба за членство во алијансата, за да направиме вистински реформи што ќе бидат корисни за сите. Силно ќе се залагам за зголемување на буџетот на АРМ и подобрување на професионализацијата во неа. Армијата да биде забрането место за сите политички партии, вклучително и за партијата од којашто доаѓам“- изјави Шекеринска.

Генералот Величковски упати честитки до министерката за нејзиното поставување и додаде дека се радува што влијателна личност е на чело на Министерството за одбрана со надеж дека тоа влијание ќе биде искористено за подобрување на состојбата во армијата.

„Се радувам што Министерството добива влијателен министер. Армијата секогаш ќе биде поддршка на Министерството за одбрана и очекувам така да биде и обратно. Воедно во периодот што следува ќе имаме можност за размена на идеи корисни за армијата, а со тоа и за безбедноста на државата“- вели  Величковски.

Шекеринска зборуваше за опрема, униформа, чизми за армијата, и додаде дека ќе сторат сè за да најдат решенија за искористување на домашните компании, што ќе влијае и на подигнување на домашната економија. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите