Шер го нарече Трамп „шу*ак“
Според зборовите на 70-годишната пејачка и актерка, претстојните избори за претседател на САД ќе ја променат земјата и ќе имаат клучно значење за следните 40 години, а луѓето, кои ќе бидат најоштетени, се младите.
Објавено во: Стил 01 Октомври, 2016
Рок легендата Шер го нарече кандидат-претседателот на републиканците Доналд Трамп „шу*ак“. На младински форум во Отава, таа рече дека се чувствува „трауматизирано“ од Трамп и неколку генерации ќе бидат оштетени, ако тој биде избран за претседател.
- Се обидувам да ги измерам зборовите .., но не сум добра во тоа - тој е „шу*ак“, рече Шер за време на дискусијата во која учество зедоа и Боб Гелдоф и поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан.
Според зборовите на 70-годишната пејачка и актерка, претстојните избори за претседател на САД ќе ја променат земјата и ќе имаат клучно значење за следните 40 години, а луѓето, кои ќе бидат најоштетени, се младите.
- Видете, изборите нема да влијаат на мене, јас имам 70 години, на мене нема да влијаат. Тие сепак имаат однос кон младите луѓе и тоа е она што вистински ме плаши и загрижува, коментира уште пејачката за евентуалниот избор на Трамп.