Шеснаесетгодишник претепан во автобус
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2018
Татко вчера пријавил во полиција дека во автобус тројца непознати лица го претепале неговиот син.
А.Ч. (54) од село Стајковци, скопско, пријавил дека околу 18.25 часот во автобус број 65В на Јавното сообраќајно претпријатие три непознати лица кои биле во автобусот физички го нападнале неговиот 16-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.