Шест месеци затвор за напаѓачот на двајцата новинари кај Порта Македонија
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2018
Основниот суд Скопје 1 го прогласи за виновен со казна шест месеци затвор, Матија Канаков, кој на 28 февруари минатата година го нападна новинарскиот тим на А1on на протестите "За заедничка Македонија", објави Порталб.мк.
Судијата Марија Клетничка-Марковска потсети дека во предвид се земени сите олеснителни околности на обвинетиот при донесувањето на одлуката.
Јавното обвинителство во текот на постапката како докази користеше апликации од видео снимки во траење од повеќе од еден час.
Осудениот Каников има право да поднесе жалба до Апелациониот суд во рок од 15 дена.