24 Април, 2024
0.0315

Шести ден по ред индексот Dow Jones бележи пад на Wall Street

Објавено во: Свет 22 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Индексот Dow Jones вчера на Wall Street забележа пад шести ден по ред, бидејќи ниту по објавувањето на записникот од јулската седница на челниците на американската централна банка, не е јасно дали таа ќе започне да ги намалува поттикнувачките монетарни мерки кои долг период го поддржуваа растот на цените на акциите.

Така вчера индексот Dow Jones ослаби за 0,70 отсто, на 14.897 поени, индексот S&P 500 се лизна за 0,58 проценти, на 1642 поени, додека индексот Nasdaq падна за 0,38 отсто, на 3.598 индексни поени.

Падот на индексот Dow Jones, шести ден по ред, што не е забележано од јули минатата 2012 година, е последица на несигурноста на инвеститорите во однос на тоа кога американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе започне да ги намалува програмите за откуп на државните и хипотекарните кредити во износ од 85 милијарди долари месечно.

Имено, ниту во средата објавените делови од записникот од јулската седница на челниците на Fed не дадоа јасни показатели за ова прашање. Речиси сите челници на централната банка се согласуваат дека уште не е време за намалување на поттикнувањата, а само неколкумина од нив сметаат дека наскоро би требало помалку да се намалат поттикнувачките мерки.

„Записникот не ни кажа многу. Ни покажа дека челниците на Fed, како и сите ние, се збунети бидејќи нема јасни сигнали од стопанството кое расте, но не доволно брзо. Сепак, мислам дека е јасно оти Fed нема да притисне на сопирачката кога станува збор за поттикнувањата, туку само ќе ја намали гаста. Прашење е, меѓутоа, колку", вели за „Reuters“ Ерик Дејвидсон, директор во „Wells Fargo Private bank".

Некои аналитичари, пак, сметаат дека челниците на американската централна банка на нивната прва идна седница во септември ќе донесат одлука да ги намалат поттикнувачките мерки, со што, како што стравуваат инвеститорите, пазарот би загубил силна поддршка.

Во центарот на вниманието на инвеститорите во средата, втор ден по ред, беа деловните извештаи на трговските синџири, како што се „Lowe's", „Target" и другите. Нивните резултати не беа импресивни, па индексот S&P на трговскиот сектор падна за 0,8 отсто.

Недоволно брзиот раст на економијата, анемичните деловни резултати на компаниите и несигурноста во врска со намалувањето на поттикнувачките мерки на Fed, ги наведуваат инвеститорите на претпазливост, на што укажува и слабиот обем на тргување, објави „Макфакс“.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата