28 Март, 2024
0.0260

ШЕТАЛЕ СЛОБОДНО И ИМ БАРАЛЕ ЦИГАРИ - кому му пречат трите деца од домот во Визбегово

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Шетале слободно навечер и им барале цигари, а имало опасност и негативно да влијаат врз нивните деца.

Ова се главните аргументи кои жителите на Визбегово кои денеска протестираа против групниот дом за деца со социјален ризик.

Тројца тинејџери, пак, беа принудени да го напуштат домот каде што се згрижени. Тие се прашуваа зошто соседите не ги сакаат и зошто сакаат да си заминат. А тинејџерите беа изнесени за да не се предизвиика проблем, откако жители на Визбегово најавија протести против овој дом. 

Револтот на мештаните, како што велат самите, е предизвикан бидејќи не биле консултирани од реосрното министерство за одлуката ваков дом да биде отворен во нивното соседство. Тие уверуваат дека не протестираат против децата, туку поради несоодветниот избор на објектот за ваква намена, како и против неорганизираноста за ресоцијализација на децата.

„Нашата скепса се сведува на можноста да дојде до несакани конфликти меѓу младите лица од објектот и од училштата. Нејасно е како младите лица со нарушно поведение во доцните часови имале слобода да шетаат по околните села и да бараат цигари. Тоа говори дека надлежните немаат ниакква контрола над штитениците иако треба да бидат под 24 часовен надзор на нивните воспитувачи“, изјавила Катерина Тодороска, жител на Визбегово.

Друг граѓанин кој беше на протестот, пак, вели дека ова не е протест против овие малолетни деца кои не по своја вина се тука, туку против „некоректната, несоодветна, нетранспарентна па дури и опасна одлука на Министерството за труд и социјала и УНИЦЕФ“. 

До Министерството за труд овие граѓани испратиле барање за затворање на домот, а во него навеле дека дури и биле животно засегнати од тинејџерите кои престојуваат таму. Се плашече за својата безбедност, како и дека овие деца ќе влијаеле негативно на нивните.

Пред неполни два месеци беше отворен мал групен дом, каде престојуваа три деца на возраст од 12 до 14 години.  Децата во овој дом се едуцираат, се воспитуваат, а со нив секојдневно работат стручни лица, што е всушност модел да државата тие да се реинтегрираат и ресоцијализираат. 

А од Министерството за труд, како и вработените што работат во домот, се разочарани, но не се откажуваат.

„Имаме проблем со нашите предрасуди и имаме проблем не само со отровниот воздух туку и со отровот што излегува од нас. И ова за мене е многу тажен ден, затоа децата ги дислоциравме за да не се соочат со уште еден бран на омраза и гнев. И првиот ден кога го отворивме центарот ги поканивме и не влегоа тука, не ја прифатија поканата“, рече Владимир Карајев, вработен во домот.

„Овој говор на омраза, емоционалната тортура која што е упатена кон нив, сакаме да ја превенираме, и го направивме тоа со дислокација на децата, во средина која ги прифаќа и нема потреба да ги дискриминира. Немаме одговор на прашањето на децата зошто не ги сакаат“, рече Виолета Масевска Палиќ, директорка на Мал групен дом Визбегово.

Слична ситуација имаше неодамна во неготинското село Тимјаник каде жителите протестираа против групен дом со 4 малолетни деца. Тимјаник денеска функционира најнормално и никој нема проблем со децата. 

Денешниот немил настан покажува дека нашето општество уште долго нема да може да се ослободи од предрасудите. 

Можеби ќе ве интересира

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра