Шијат капути за француска фирма, бараат работници, а еве колкави се платите
Објавено во: Економија 18 Октомври, 2018
Во текстилниот погон „Trebinjka” во Требиње, околу 80 работници веќе четири и пол работници шијат капути за француската фирма „Karol“ и до крајот на октомври треба да ги завршат нарачките, пишува бизнисинфо.ба.
Од 80 вработени, половина се почетници, и затоа заостануваат со работата.
Затоа бараат уште 20 работници, се обратиле во бирото, но такви кадри нема.
За работа на машини им се потребни најмалку 100 луѓе затоа што фирмата од Франција има 600 бутици во различни земји.
Просечната плата на работниците е од 500 до 600 конвертибилни марки. Но, од фирмата признаваат дека платите би требало да бидат повисоки. Освен тоа на работниците им се покрива превоз, и топол оброк.
фото бизнисинфо.ба