29 Март, 2024
0.0274

Шилегов: ЕБОР ќе го финансира садењето на новите јапонски цреши

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска беше засаден новиот дрворед од јапонски цреши на местото на стариот кој беше исечен минатата недела на улицата „Максим Горки“ во строгиот центар на Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов рече дека новиот дрворед ќе го финансира Европската банка за онбова и развој како хуман гест.

- Во 2017 беше констатирана болест на дрворедот и покрај сите напори да ги ревитализираме дрвата. Влеговме во набавка на сензитивно дрво кое живее само 40 години. Во 2000 при садењето веќе биле 10 години стари. Со ЕБОР имаме отворена соработка со финансирање на овие дрва. Тука се и други општествено одговорни компании. Поканети се сите кои што се заитересирани да влезат во соработка за возобнување на зеленилото и со сериозно инвестирање да засадуваме целосно нови дрвореди. Ние за разлика од претходниците не сечеме за да градиме згради, туку за да засадиме нови, рече Шилегов денеска за време на засадувањето на новите јапонски цреши по која улицата изгради свој култ во Скопје.

Шилегов рече дека станува збор за габично заболување кај дрвата во време кога тој не бил градоначалник и дека сите неуспешни обиди за ревитализирање во Градот заклучиле дека секоја понатамошна ботка за спас на дрвата е невозможна. Овој пат набавени се 50 стебла, од кои дел ќе бидат засадени на „Максим Горки“, а дел на други булевари.

Градоначалникот додаде дека Градот ке направи обид во Мал Ринг да врати дел од зеленилото што беше узурпурано од проектот „Скопје 2014“ и упати  лична благодарност до ЕБОР

Претставникот на ЕБОР рече дека една од главните грижи на банката е борбата против загадувањето на воздухот и дека ќе продолжи програмата за возонбување на зелените површини.


Можеби ќе ве интересира

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?