25 Јануари, 2025
0.0267

„ШИЛЕГОВ И УСТАВНИОТ СУД СО ПОДДРШКА НА БАЛИСТИЧКИ ИМИЊА НА УЛИЦИТЕ“: Левица обвинува

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Уставниот суд ја отфрли уставната иницијатива на Левица со која беше оспорена одлуката за промена на имињата на неколку улици во Скопје, донесена од Советот на Град Скопје во мандатот на поранешниот градоначалник Петре Шилегов.

Левица ја оцени одлуката како скандалозна и истакна дека именувањето улици по личности како Адем Демачи, Ернест Колиќи, Митхад Фрашери и Сул Хота не само што нема никаква историска врска со македонската држава, туку е и спротивно на антифашистичкиот дух на македонската борба за слобода.

Партијата нагласи дека со ваквата одлука биле избришани имиња на улици кои ја симболизираат антифашистичката борба, како „Втора македонска бригада“ и „Македонска Косовска Бригада“.

„Оваа Одлука, донесена од тогашната локална власт на СДС и ДУИ, беше популистичка мерка за мобилизирање изборни гласови од албанското гласачко тело, а воедно е спротивна на член 6 од Законот за именување на улици, мостови и плоштади. Таа ги навредува националните чувства на македонскиот народ и предизвикува раздор помеѓу етничките заедници,“ наведуваат од Левица.

Партијата го обвини Уставниот суд дека со својата одлука го легитимира процесот на „бришење на АСНОМ“ и оценува дека ваквиот потег претставува дел од поширока тенденција на „ревизионизам на македонскиот идентитет и системско бришење на антифашистичката историја“.


Можеби ќе ве интересира

Новиот експресен пат Куманово - Крива Паланка ја зеде првата жртва, повредени уште две лица во сообраќајна несреќа

Новиот експресен пат Куманово - Крива Паланка ја зеде првата жртва, повредени уште две лица во сообраќајна несреќа

Фатен 15-годишник во Волково со автомобил полн со огнено оружје

Фатен 15-годишник во Волково со автомобил полн со огнено оружје

Ќе нема кој да вакцинира?Пунктовите низ земјата се соочуваат со недостиг на кадар

Ќе нема кој да вакцинира?Пунктовите низ земјата се соочуваат со недостиг на кадар

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата уапси лица кои планирале да вршат напади

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата уапси лица кои планирале да вршат напади

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАНКОВЦЕ - КРИВА ПАЛАНКА: возачот и уште еден сопатник се повредени

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАНКОВЦЕ - КРИВА ПАЛАНКА: возачот и уште еден сопатник се повредени

МИЦКОСКИ ЗА ПОСЕТАТА НА САД: Спиев во хотел со 3 ѕвезди

МИЦКОСКИ ЗА ПОСЕТАТА НА САД: Спиев во хотел со 3 ѕвезди

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА Е ПРОТЕРАНА ОД СРБИЈА КАКО „БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА“: МНР бара објаснување од српските власти

МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА Е ПРОТЕРАНА ОД СРБИЈА КАКО „БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА“: МНР бара објаснување од српските власти

МЕРКО НЕ ЧУСТВУВА ВИНА ЗА СПОМЕН ПЛОЧАТА - му се судеше и за незаконско поставување директори, но не и за „Аудито“

МЕРКО НЕ ЧУСТВУВА ВИНА ЗА СПОМЕН ПЛОЧАТА - му се судеше и за незаконско поставување директори, но не и за „Аудито“