24 Април, 2024
0.0305

Шилегов крпи дупки со двојно помалку материјал од Трајановски

Објавено во: Економија 06 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

„Улици и патишта“ на Град Скопје годинава по изминатите три квартали, односно по девет месеци од 2018-та,  потрошило двојно помалку ладен асфалт, кој служи за крпење на ударните дупки, во однос на истиот период лани.

Годинава се вградени 142 тони ладен асфалт низ улиците и булеварите на главниот гтад, додека лани до 1 октомври потрошени се 296 тони материјал за истата намена. Периодот е споредлив и од поглед на тоа што лани токму во октомври се одржаа локални избори и Петре Шилегов го победи својот претходник Коце Трајановски па според тоа може да се повлечат паралели за работата на ова поле на двајцата раководители на градската управа од 1 јануари до 30 септември во 2017-та и 2018-та.

Годинава се асфалтирани површини од 63,2 илјади мeтри квадратни, наспроти 89,4 илјади истиот период лани, што е намалување за безмалку една третина според извештајот на „Улици и патишта“. За асфалтирање за трети лица се потрошени 793 тони, доста повеќе од 243 тони потрошени во првите три квартали лани. Јавното претпријатие годинава не поставило коцка, додека минатаат година пред локалните избори имало активности на 237 м2.

Резултатите на јавното претпријатие велат дека механизацијата за зимско одржување била ангажирана 6,6 илјади часа во 2018-та, или 1,3 илјади помалку од 2017-та, додека работната рака за истата намена годинава е ангажирана 21,3 илјади часови, наспроти 26,4 илјади лани.

Кај светлосната сигнализација. Трајановски семафоризирал осум крстосници, додека Шилегов две. Трајановски во последната година поставил 71 нов семафорски столб и заменил 22 стари, додека Шилегов поставил 21 нов, а заменил 7 стари. На полето на сообраќајните знаци актуелниот градоначалник е позабележителен со 438 новопоставени и заменети, додека неговиот претходник има само 105. „Подобар“ е во местење ретрорефлектирачки столбчиња, но не и кај катадиоптри за подобра видливост на хоризонталната сигнализација. Во рачното и машинското бележење на хоризонталната сигнализација и двајцата имаат приближно ист ефект.

Во машинско чистење на косини и канали на реката Вардар екипите „одработиле„ 27 илијади метри квадратни во 2018-та што е за повеќе од три пати помалку споредено со истиот период во 2017-та.

„Улици и патишта“ во последните три квартали од мандатот на Трајановски наплатило од Град Скопје вкупно 301 милион денар, додека за време на Шилегов се наплатени 191 милион денари.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава