24 Јануари, 2021
0.0191

Шилегов: Подготвени 4.000 тони индустриска сол и ангажирани 18 камиони од приватно претпријатие

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2020

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска информираше дека јавните градски претпријатија за претстојната зимска сезона обезбедиле околу 4000 тони индустриска сол, од кои околу 1000 тони се залиха од минатогодишната зимска служба.  Обезбедени се и 350 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини. 

- Градот Скопје и годинава, како и во изминатите четири години е подготвен за претстојната зима и зимското одржување на улиците за коишто е надлежен, а снегот и оваа година нема да ја изненади зимската служба – рече денеска Градоначалникот Шилегов.

ЈП „Улици и патишта“ е носител на активностите за зимското одржување со целокупната механизација и расположливиот кадровски потенцијал, а и оваа година Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 18 камиони од фирмата „Аполо“, кои се опремени со навигациски уреди.

- Во текот на зимската служба коловозните ленти ќе се расчистуваат според приоритетите, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот до стопанските објекти, најави Шилегов.


Можеби ќе ве интересира

Лага е дека клексанот не е на позитивната листа на лекови - МЗ го демантира пратеникот Милошоки

Лага е дека клексанот не е на позитивната листа на лекови - МЗ го демантира пратеникот Милошоки

ПОДЗЕМНА СООБРЌАЈНИЦА И ЧЕТИРИ 20 КАТНИЦИ - еве на што е ангажирана турската „Лимак“ на која и открија 97 непријавени работници

ПОДЗЕМНА СООБРЌАЈНИЦА И ЧЕТИРИ 20 КАТНИЦИ - еве на што е ангажирана турската „Лимак“ на која и открија 97 непријавени работници

ПОВИСОКА БРОЈКА НА ПРИЕМИ ВО БОЛНИЦА НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД - за едно деноноќие имало 24 хоспитализации

ПОВИСОКА БРОЈКА НА ПРИЕМИ ВО БОЛНИЦА НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД - за едно деноноќие имало 24 хоспитализации

Триста Македонци вчера го запоседнаа Врање - за еден ден отидоа пет автобуси, „епицентарот“ беше Лидл

Триста Македонци вчера го запоседнаа Врање - за еден ден отидоа пет автобуси, „епицентарот“ беше Лидл

Димче Арсовски до МЗ: Ако не е точно тоа што го кажа Брнабиќ, извинување барајте од неа, а не од нас

Димче Арсовски до МЗ: Ако не е точно тоа што го кажа Брнабиќ, извинување барајте од неа, а не од нас

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ПРЕЦИЗНА: Ветото на Бугарија носи бројни ризици

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ПРЕЦИЗНА: Ветото на Бугарија носи бројни ризици

КАКО ЌЕ ПРЕСЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ - за Законот за попис ќе праша правни експерти

КАКО ЌЕ ПРЕСЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ - за Законот за попис ќе праша правни експерти

(ФОТО) ЕДВАЈ ДОЧЕКАА РАБОТА ДО 21 ЧАСОТ - полни локали и ресторани

(ФОТО) ЕДВАЈ ДОЧЕКАА РАБОТА ДО 21 ЧАСОТ - полни локали и ресторани

НЕМА БРИШЕЊЕ НА ПРИДАВКАТА МАКЕДОНСКИ - од Комисијата категорични дека и натаму ќе ја употребуваат

НЕМА БРИШЕЊЕ НА ПРИДАВКАТА МАКЕДОНСКИ - од Комисијата категорични дека и натаму ќе ја употребуваат