Шилегов уште не испратил писмо за парно-греење
Објавено во: Економија 25 Јуни, 2018
Градоначалникот Петре Шилегов се уште не испратил барање до Министерството за економија за лиценца Град Скопје да ја превзеде топловодната мрежа за парно-греење.
Одговорајќи на новинарско прашање за барањето на градоначалникот Петре Шилегов дистрибутивната мрежа за парно греење од БЕГ да ја преземе Градот, министерот за економија Кресник Бектеши рече дека за ова нема добиено официјално писмо.
– Кога ќе стигне барањето во писмена форма, ќе го разгледаме од аспект на сите можности и економска оправданост и ќе се произнесеме- одговори министерот.