20 Април, 2024
0.0364

Шилегов: Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град со многу повеќе зелени површини

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

- Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град со многу повеќе внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност и комунална инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедувањето на чиста и здрава животна средина.Како градоначалник во повеќе наврати нагласив дека ќе се залагам Скопје да се развива и шири на начин што ќе го релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот, на сметка на рационалното користење на неискористените слободни површини во северниот дел од градот.Верувам дека до 2022 година,  кога истекува важноста на постоечкиот ГУП, имаме доволно време да ги вклучиме сите засегнати страни во изработката на новиот ГУП на начин што ќе обезбеди гаранција дека се сериозно лимитирани можностите за пропусти при носењето на деталните урбанистички планови и другата планска документација од понизок ранг. Оттука верувам и дека ќе се отворат можности со новиот ГУП да обезбедиме и услови да се продолжи со деталното планирање на градот на начин што сериозно ќе го унапредува квалитетот на живот на нашите сограѓани – рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој се обрати на отворањето на Share конференцијата во Скопје.

Тој на конференцијата кажа дека истата е од  исклучително големо значење за Скопје бидејќи архитекти и инженери имаат можност за размена на скуства и идеи од областа на архитектурата и градежништвото како основен предизвик за секој современ град.

„Оваа конференција е особено важна за нас како локална власт и заради отпочнувањето на процесот за подготвување на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје 2022-2032  е уште еден предизвик кој верувам дека ќе биде инспирација за многу дискусии и во рамките на оваа конференција.Имајќи предвид  дека станува збор за еден сложен и сеопфатен процес во подготовката на новиот ГУП на Град Скопје повеќе од потребна му е поддршка од поширок круг на стручни лица од различни области, невладиниот сектор, академската заедница, како и од граѓаните како поединци директно или преку единиците на локалната самоуправа“ - рече Шилегов.

Тој додаде дека од позиција на градоначалник се залага за рационално, контролирано и функционално ширење на Скопје во насока на обезбедување одржлив развој; визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура, како основен елемент во просторната комуникација; соодветно планирање на комунална инфраструктура, посебно од аспект на инфраструктура за прифаќање со селектирање, рециклирање и депонирање на цврст и друг отпад; како и реконструкција на изградените простори и блокови во простори со повисок комунален и амбиентален стандард.

Шилегов нагласи дека искрено се радува што откако е тој  градоначалник,  Град Скопје има одлична соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија и се труди да ги следи препораките на домашните и на странските експерти во областа на архитектурата и градежништвото. Исто така, посочи дека тој смета дека во тој дел како градска управа ат простор или уште повеќе немаат право на импровизации какви што некои негови претходници си дозволиле и тоа не така одамна.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо